„Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат согласно предвидената динамика. Моментално се работат галериите. Имавме мала потешкотија, морам да признаам посебно во делот на обезбедување средства за довршување на делницата Кичево-Охрид, затоа што заемот од кинеската Ексим банка повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме. Тој проблем е надминат, формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со тоа конечно таа делница ќе биде функционална“, рече Мицкоски на новинарско прашање при посетата на Струга.
Исто така, дополни премиерот, напредува и делницата Тетово-Гостивар и Гостивар- Букојчани, а предаден е и извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани, приклучок Кичево, на автопатската делница Кичево-Охрид. Во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така, прилично солидно напредува и реализацијата на делницата Прилеп-Битола која е дел од Коридор 10Д“, изјави Мицкоски.






