вторник, 16 декември 2025

Со секира влегол во казино и зел 8.600 денари од вработената

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен битолчанец, бидејќи постои сомнение дека сторил кривично дело разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Објавено на

часот

Сподели

На 15 декември, во казино на Широк Сокак, со закана дека непосредно ќе нападне со опасно орудие – секира врз животот и телото на една оштетена, барал да му се вратат парите, односно 8.600 денари кои ги изгубил играјќи на слот машините.

Изнервиран поради изгубените пари, почнал да замавнува кон оштетената со секирата која ја донел со себе и ја извадил од под јакната.  Таа исплашена од однесувањето на осомничениот извадила од касата 8.600 денари и му ги дала, по што тој си заминал од казиното.

Имајќи го предвид поведението на осомничениот и неговата претходна осудуваност, јавниот обвинител оцени дека постои висок ризик тој да го повтори делото или да се обиде да го избегне кривичниот прогон, па до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ