сабота, 12 јули 2025

Со притисоци и закани најголеми проблеми имаат фирмите од текстилниот сектор, вели Азески

На една од многубројните средби во Комората, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен премиер изјави дека, кога ќе дојдат на власт ќе бидат бизнис ориентирани и од коморите ќе побараат да ги определат одредниците кон кои ќе се оди заеднички, потсети Бранко Азески, претседател на Стопанската комора. Тој додаде дека на сите ни е јасно дека тоа не може да се спроведе целосно, бидејќи Владата покрај кон бизнисот има сериозни обврски и кон граѓаните, но и кон меѓународната заедница за прашања кои влијаат на позицијата на бизнисот.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние затоа сме свесни и не тврдиме дека нашето е вистинското, туку го поддржуваме се она што е од интерес на државата. Но, да ги повториме уште еднаш одредниците на бизнисот, а тоа за нашата Комора се следните работи, градење на систем на образование за потребите на бизнисот, конкретна поддршка за извозот преку директни инструменти и мерки поддржани од државниот буџет и подобрување на регионалната соработка како иницијална основа за забрзување на ЕУ интегративните процеси. Потоа во одредниците спааѓат и стратешките цели на Комората. Борба против корупцијата и сивата економија, брза гасификација, регулирање на односите помеѓу државата и бизнисот на начин што нема да биде на штета на приватниот сектор, а ќе придонесе за општото добро. Во изминатата година постигнат е чекор напред, стекната е комуникација и доверба, но ние како бизнис би сакале крупните одлуки за економски просперитет да мора да бидат донесувани со концензус на сите чинители. Тука мислам пред се на опозицијата, бизнисот, учесниците во трипартитниот дијалог, науката, невладиниот сектор, медиумите“, вели Азески.

Според него, неспорно е дека Владата како клучен сегмент во новите одредници ја поставува инвестиционата активност за која очигледно се потрудила да направи сериозна рамка, а дополнително активно работи за поголема вклученост на домашните компании на меѓународните проекти.

„Според информациите со кои располагаме од членките и понатаму остануваат традиционалните забелешки за однесувањето на јавната администрација, но нема информации за некакви притисоци, закани, кои може да влијаат на оставрување на поставените цели. Во моментов најголеми проблеми имаат фирмите од текстилниот сектор, но општо и фирмите кои долги години наназад неможат да ги надминат проблемите врзани за континуираните кризи. За активно да се партиципира во заедничката економска политика, Комората полека но сигурно го исцртува и тимот со кој ќе се обидеме да им помогнеме на компаниите но и на државата во оставрување на зацртаните цели. По конституирањето на Собранието и на Управниот одбор, деновиве ќе бидат избрани подпретседателите на Комората со што ќе се заокружи и пирамидата на управување. Листата на подпретседатели ја предводи м-р Александар Гечев од ИГМ Трејд Кавадарци, еден од нашите најголеми извозници. А на неа ќе бидат и имињата на Сашо Наумоски, Анатол Кутревски, Виктор Мизо, Зоран Милковски, Сашо Самарџиоски, Глигор Цветанов, Ирена Јакимовска, Драгана Чифлиганец, Марјан Бојаџиев. Комората со 103 годишно иксуство и солидна кадровска основа е спремна за големите предизвици кои стојат пред приватниот сектор. Премиерот Мицкоски ја има нашата поддршка да продолжи по одредниците и конечно нашата земја да ги зголеми БДП, профитот на компаниите и да отвори нови работни места. Така ќе го сопреме одливот на мозоците и ќе тргнеме по правиот пат“, завршува Азески.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ