вторник, 30 декември 2025

Со предвремени парламентарни избори би се прекинале позитивните економски индикатори, смета Мицкоски

Како политичка партија го ставаме државиот интерес пред партиските емоции, рече премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на новинарско прашање од што ќе зависи дали по локалните избори ќе се одржат и предвремени парламентарни, на што повикаа опозициските партии.

Објавено на

часот

Сподели

Според Мицкоски, жално е позитивните индикатори во државава да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори. Премеирот, по средбата со претставници на Стопанска комора на северозападна Македонија, во рамки на изборната кампања, истакна дека Владата има полн легитимитет, а дека политички партии што повикуваат на предвремени избори немаат програма за мобилизирање на своите гласачи. освен поделби и националистички испади.

„Повеќе од 600 илјади граѓани на изборите минатата година гласаа за оваа Влада. Јас разбирам дека има политички партии кои освен поделби, и би рекол – националистичи испади, немаат друга програма за да ги мобилизраат своите структури и гласачи. Единствената работа што можат да ја направат е да повторуваат – предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ убедливо ги победи во 2021 година со историски резултат на локалните избори, па беше во опозиција три години, па дојдоа парламентарни избори, убедливо ги победи со историски резултат. Денеска сме Влада. Еве денеска излегува ревидиран БДП за 2024 година од три проценти, еден од најголемите во Европа… Одиме и над тоа. Тоа е над сите очекувања на Меѓународниот моментарен фонд и Светска банка.  Би било навистина жално ако сите овие позитивни индикатори ги прекинеме  со предвремени парламетарни избори. Ние како политичка партија го ставаме државниот интерес пред партиските емоции“, рече Мицкоски.

Државниот завод за статистика денеска објави претходни податоци за БДП за 2024 годинаспоред кои реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3 проценти, а номиналната 6,8 проценти.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ