Градоначалникот Ваљбон Лимани на верниците кои дојдоа на вечера на улицата „Илинденска“ им искажа благодарност на одзивот и потсети дека ова е втор настан кој се организира по повод Рамазанскиот пост.
„Овој ифтар ја испраќа пораката за солидарност, заедништво и добрина во овој свет месец Рамазан. Посакувам овој ифтар да остане традиционален уште многу години во иднина“, рече Лимани.
Гостиварскиот муфтија Сабахудин Зендели посочи дека овој настан е воедно и ибадет (верски обичај) и се заблагодари на соработката со локалната самоуправа која помогна во организацијата и како што напомна радоста на ифтарот да ја доживеат сите граѓани на Гостивар.
Оброците и пијалакот за вечерата се обезбедени од донации на поединци и компании. Првиот ифтар на отворено, општина Гостивар го организираше минатата година.






