Веднаш по добиената пријава припадници на специјалната полициска единица Тигар со полицискиот хеликоптер се упатија на местото на настанот и повреденото лице беше преземен и транспортиран за укажување лекарска помош.

Попладнево околу 16.30 часот А.Џ. управувал со теренско возило над селото Горно Јеловце, Општина Врапчиште, близу косовската граница, излетал од планинскиот пат и добил тешки телесни повреди.
Со него биле три лица кои во моментот на несреќата биле надвор од возилото веднаш пријавиле на 112 и побарале помош за извлекување на тешко повреденото лице.






