Како што соопшти ОЈО, осомничениот, на 16 септември, при расправија со три лица од Дебар со кои имал од претходно влошени односи, извадил пиштол кој го поседувал без дозвола и кон еден од оштетените испукал неколку пати во долниот дел од нозете. Му нанел две лесни телесни повреди, а потоа влегол во возилото со намера да избега.
„Не ја почитувал наредбата на полициски службеник, кој му наредил да застане и движејќи се наназад со автомобилот го удрил полицаецот на кого исто така му нанел телесна повреда“, стои во соопштението на ОЈО.
При увидот се пронајдени нож и метална шипка, па се преземаат и дополнителни дејствија на проверки со цел да се испита нивната употреба во настанот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.






