сабота, 13 декември 2025
Локални избори 2025

Со освоени девет општини коалицијата Вреди се прогласи за втора политичка сила во Македонија

Изборниот штаб на коалицијата Вреди во Тетово на прес-конференција оцени дека сега стануваат втора политичка сила во државата со оглед на добиените девет општини. Башким Бакиу од изборниот штаб на коалицијата рече дека со ова конечно се заокружи промената кај Албанците.

Објавено на

часот

Сподели

„Вреди постигнаа убедлива победа речиси во сите општини каде што бевме во втор круг. Од срце ви се заблагодарам за оваа голема поддршка која ја потврдува нашата исправна визија, која ја препознаа нашите сограѓани. Во овој момент можам да потврдам убедлива победа во Тетово со над 5.000 гласови разлика, потоа победи во Боговиње, Дебар, Долнени и Струга“, рече Бакиу.

Тој истакна дека граѓаните недвосмилено упатиле порака до ДУИ.

„Граѓаните и пред две недели и денес зборуваа јасно и гласно. Деструктивните политики на ДУИ и нивните лаги и манипулации повеќе не поминуваат, време е Али Ахмети да поднесе оставка. Оваа партија да се реформира доколку сакаат да остане како политичка партија. За Албанците во Северна Македонија доаѓаа светла иднина, иднина полна со работа и проекти, иднина во која новото ќе триумфира над старото“, истакна Бакиу.

На новинарско прашање за резултатите во Кичево и Брвеница, Бакиу истакна дека таму изборите биле предадени од страна на Али Ахмети кој денес наместо таму отишол во Тирана, и дека е време да се соочи со граѓаните. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ