понеделник, 15 декември 2025

Со македонски пасош без виза може да се патува во 130 држави

Македонските граѓани без виза можат да влезат во 130 држави во светот што е за три повеќе отколку лани. Со тоа според рангирањето на The Henley Passport Index, македонскиот пасош е на 38. место во светот и бележи скок за седум места во споредба со минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

На листата за 2025 година Македонија е пред Србија која го зазема 32. место, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија се на 43. место, Турција на 46. и Косово на 61-во место.

Најмоќниот пасош на светот и годинава го има Сингапур чии граѓани може без виза да влезат во 193 од вкупно 227 земји. На второто место се Јапонија и Јужна Кореја со пристап до 190 дестинации без претходна виза, трети се Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Шпанија и Финска со пристап до 189 дестинации. На четвртото место со пасош со кој може без виза да се патува во 188 земји се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Португалија и Шведска, на петтото со можност за безвизно патување на 187 дестинации се Грција, Швајцарија и Нов Зеланд. Со британски пасош слободно може да се патува во 186 земји со што е на шесто место, додека пасошот на САД е на 10. место и со него без виза може да се патува на 182 дестинации.

Пасош кој е најниско рангиран, со кој може без виза да се патува во 25 земји има Авганистан, по што следат Сирија со пасош со кој може да се патува на 27 дестинации и Ирак со пасош со кој без виза може да се патува во 30 земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ