„Во периодот од први до 21 јули годинава на граничниот премин Блато на влез во државата регистрирани се 26.497 патници, додека на излез 22.887 патници. Споредбено со овој извештаен период, минатата година за влез на овој премин евидентирани биле 23.603 патници, а на излез 22.466 патници, потврдија за МИА, од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Поголема фреквенција се забележува за време на викендите. Така, изминатиот викенд на влез во Македонија регистрирани се 4330, а на излез 3.812 патници.
„На вториот граничен премин, Џепиште-Требиште, кој е од локален карактер и работи од 8 до 20 часот, во период од први до 21 јули на влез во земјава регистрирани се 1.227 патници, што е за 143 патници повеќе, додека на излез 1.225 патници или за 166 патници повеќе. Последниот викенд на овој премин на влез на македонска територија евидентирани се 202 патници, а на излез 206 патници“, нагласуваат од МВР.
На двата премини фреквенцијата се очекува да се зголемува, последните денови од ули и првите денови од август и поради масовното доаѓање во родните места на иселениците од дебарскиот регион и областа Голо Брдо.






