По добиен повик во претпладневните часови, тим од хеликоптерската единица веднаш полета со тим од САЕ Тигар и успешно го презема повреденото лице, италијанска државјанка во тешки услови од непристапен терен, информираат од МВР.
Во тешки услови и на непристапен терен тие успеале да ја преземат повредената италијанска државјанка, по што со хеликоптер била транспортирана до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде ѝ е укажана медицинска помош.






