По напорните и повеќечасовни обиди за гаснење на пожарите што денеска избија на територијата на Кавадарци, информираме дека пожарот на Мушов Гроб (Кожуф) е целосно изгаснат. Пожарот на Тиквешко Езеро е ставен под контрола, споделија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму најавија дека денеска во раните утрински часови, со хеликоптер ќе се изврши дополнителна контрола.
„ Багодарност до Територијалната противпожарна единица Кавадарци, како и до сите служби и граѓани кои учествуваа во справувањето со огнената стихија“, истакнаа од градоначалничкиот кабинет.






