недела, 7 декември 2025

Со електронската испратница започнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор, истакнувајќи дека ИФИС-системот претставува крај на застарените процеси базирани на хартија, соопштија денеска од МЗШВ.

Објавено на

часот

Сподели

Ова означува значаен пресврт од застарени процеси базирани на хартија кон целосно дигитален пристап базиран на податоци. Со ИФИС, градиме поодговорен систем за шумарство“, се наведува во изјавата на министерот Трипуновски.

Се додава дека ИФИС-системот, кој е дел од проектот финансиран од Европската Унија, служи за следење на тековите на дрва, следење на шумските пожари, мапирање на биодиверзитетот и поддршка на ефикасно планирање на шумите.

„Овој проект е доказ за нашата заедничка посветеност на Владата и Европската Унија да изградиме шумарски сектор кој е модерен, транспарентен, усогласен со стандардите на ЕУ и одржлив за идните генерации… Како министер, ве уверувам дека министерството ќе продолжи да го движи овој процес напред – во партнерство со експерти, институции за да се обезбеди долгорочна одржливост, конкурентност и кредибилитет на шумарскиот сектор. Процесот на реформи продолжува“, се вели во изјавата на министерот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ