четврток, 12 јуни 2025

Со дел од предлог Законот за судски совет се сложувавме, со дел не, вели Камбовски

Членови од Судскиот совет учествуваа како дел од работната група за новиот Предлог Закон за Судски совет. Нормално со дел од тие решенија се сложувавме, со дел не се сложувавме. Дадовме предлози наши, предлогот на закон кој ќе биде ќе видиме, изјави претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски.

Објавено на

часот

Сподели

Како дел од работите коишто се помрднуваат, Камбовски посочи на постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет да биде јавна и дефинирање на поимот „истакнат правник“.

„Мислам дека се направи eden обид да се дефинира она што е актуелно во јавноста, а тоа што е истакнат правник. Мислам дека сега со овој закон до некаде, колку е тоа можно, ќе се успее да се каже што е тоа истакнат правник, односно да се дадат некакви критериуми. Тоа е повразно со годините на стаж, репутацијата каде што работи, препораките кои ќе ги добие од неговите колеги и слично“, изјави Камбовски.

Прашан до каде е процедурата за избор на претседател на Врховен суд, Камбовски рече дека изборот на претседател на Врховен ќе биде на првата наредна седница, а тоа е за една недела.

Министерството за правда вчера информираше дека предлог Законот за Судскиот совет во кој се инкорпорирани препораките од Оценската мисија на ЕК е завршен и објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Согласно Реформската агенда која официјално беше одобрена од Европската комисија, земјава до јуни 2025 година треба да има нов закон за Судски совет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ