сабота, 28 март 2026

Снег со дожд во Стојмирово, сообраќајот се одвива непречено

Јавното претпријатие „Македонијапат“ информира дека утрово снег со дожд провејува во Стојмирово, но дека не се задржува на коловозот. На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патишта кои поминуваат низ клисури се препорачува на внимателно возење поради можни поситни одрони.

За денеска синоптичарите најавуваат променливо облачно време со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места, врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16 степени. Во Скопје, слично време со максимална температура до 12 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ