петок, 2 јануари 2026

Снег на Попова Шапка, задолжителна е зимска опрема за возилата

Интензивни врнежи на снег има на Попова Шапка. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата.

Објавено на

часот

Сподели

„Од 21 часот поради интензивни врнежи на снег задолжителна употребата на зимска опрема (ланци) на патнот правец село Лисец-Попова Шапка“, информираат вечерва од АМСМ.

Центарот за управување со кризи вечерва информира дека на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.

Оттаму апелираат до возачите зголемена внимателност, прилагодување на брзината според условите на патот и одржување на поголемо безбедно растојание и задолжително користење на соодветна зимска опрема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ