Од претпријатието посочуваат дека врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, кои во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.






