среда, 11 јуни 2025

Случај „Онкологија“: Обвинителството бара притвор за Васев и Нухи

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, заедно со поднесените обвиненија во предметот „Онкологија“, до Основниот кривичен суд Скопје вчера поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајца обвинети поранешниот медицинскиот директор Нино Васев и поранешниот организациски директор Нехат Нухи на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

На обвинетите им се ставаат на товар повеќе кривични дела за кои се запретени високи затворски казни, а последицата од сторените кривични дела опфаќа и нанесување на значителна имотна штета на што може да влијае врз мотивот на обвинетите да се дадат во бегство.

„Во фазата на истрага за овие лица на сила беа мерки на претпазливост, но со поднесување на обвинението подигнат е степенот на сомнение за обвинетите, како и извесноста од кривично правна одговорност и од санкционирање за нивните противправни дејствија“, се вели во соопштението од ЈОРМ.

Поради опасност од бегство како резултат на природата и тежината на предметните кривични дела за кои им се поднесени обвиненија, за тројца обвинети лекари – онколози предложени се мерки на претпазливост – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање.

ОЈО Скопје вчера,на прес-конференција, информираше дека се поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“. Како што соопшти предметната јавна обвинителка, Ана Гоговска Јакимовска предметот е поделен на два дела – првиот се однесува на економското работење на Клиниката за Онкологија во кој се опфатени тогашниот директор и организацискиот директор на Клиниката и вториот дел од предметот се однесува на третманот на пациентите и опфаќа четворица лекари онколози.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ