„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерки за обезбедување присуство против две лица, доставен до судот заедно со обвинителен акт за предметот во јавноста познат како „Онкологија“, по одржана седница во присуство на странките донесе решенија со кои против обвинетите Н.В. и Н.Н се определува мерка куќен притвор, а воедно останува во сила претходно определената мерка за претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање нова, заради постоење на околностите од чл. 165 ст. 1 т. 1 од ЗКП односно опасност од бегство. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд Скопје“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд Скопје.
Случај „Онкологија“: Куќен притвор за екс директорите Васев и Нухи
Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка куќен притвор на поранешните директори на Клиниката за онкологија, Нино Васев и Хехат Нухи и двајцата бвинети во случајот „Онкологија“ за повеќе кривични дела меѓу кои тешки дела против здравјето на луѓето.

Објавено на
часот