Во изјава за МИА, претставник на екипажот Роберт Шкрл изрази длабока солидарност со македонските граѓани и нагласи дека нивниот тим ќе работи во тесна координација со националните и меѓународните служби за да обезбеди ефикасен и навремен одговор на кризата.

Како дел од Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (UCPM), Словенија испрати Единица за брзи интервенции – модул за гасење шумски пожари со возила (SI EHI GFFF-V). Мисијата вклучува вкупно 61 лице, меѓу кои менаџмент, логистика, ИТ и медицинска поддршка, како и обучени пожарникари.

„Стигнавме со 17 возила, од тие 7 се специјализирани за гасење шумски пожари, додека вкупно се 61 лице овде од кои 42 пожарникари, останатите служат за логистика и поддршка. Нудиме помош колку можеме се надеваме дека ќе бидеме успешни во тоа гаснење на пожарот“, изјави за МИА, Роберт Шкрл од словенската противпожарна експедиција.

Словенечката единица како што доаде е опремена за целосна самостојност, со своја логистика и комуникациска опрема, а првично е планирано нивниот ангажман да трае една недела, со можност за продолжување во зависност од развојот на ситуацијата на теренот.






