недела, 25 мај 2025

Слободно паркирање за велигденските празници на паркинзите на ПОЦ, освен во сабота

Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде без наплата за сите граѓани, со исклучок на затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил. 

Објавено на

часот

Сподели

„Во петок (18 април), недела (20 април) и понеделник (21 април) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ова исклучок се затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил, соопшти ЈП ПОЦ.

Согласно програмата за неработни денови за 2025 година, сабота (19 април) е работен ден и следствено на тоа паркиралиштата со кои стопанисува ЈП ПОЦ ќе работат со вообичаено работно време.

Депото на Пајак-службата на ЈП ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање договори во Дирекцијата на ЈП ПОЦ ќе продолжи на 22 април (вторник) со вообичаено работно време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ