недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Слободни и независни и Работничката партија бараат истрага за прекинот на програмата на МРТ

Движењето Слободни и независни, предводено од Работничка партија со загриженост и индигнација го следи вчерашниот тотален хаос на програмата на Македонската радио-телевизија (МРТ), кој се случи токму пред локалните избори. Неемитирањето на Дневник 1 во 17:00 часот, откажувањето на Дневник 2 во 19:30 со реприза на кулинарска емисија наместо вести, и „мракот” во дебатната емисија “Објектив” во 20:15 часот – сето ова не е случајна техничка грешка, туку јасен доказ за длабоката криза во јавниот сервис, кој со години е под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ, велат од Слободни и независни, кои учествуваат на локалните избори во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Овие ‘чудни промени’ во програмата се само врвот на мразот на систематското манипулирање со медиумот. МРТ, којашто треба да биде гласот на граѓаните, се претвори во приватен инструмент на владејачката партија, каде што вестите се цензурираат, дебатите се саботираат, а вистинските проблеми на народот се игнорираат. Затоа, досега не е организирано ниту едно јавно соочување меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје – затоа што ВМРО-ДПМНЕ сака да ја скрие слабата и архаична програма на нивниот кандидат, Орце Ѓорѓиевски, кој изгледа изгубен во времето и просторот, неспособен да одговори на предизвиците на модерното Скопје“, се вели во рекацијата на Слободни и неависни.

Во тој контекст прашуваат од движењето, „Како да се избере градоначалник кој бега да се соочи со политичките противници? Дали утре ќе бега и од граѓаните?“

По повод прекинот на програмата на МРТ, од Слободни и независни истакнаа неколку барања: независна истрага за вчерашните пропусти од страна на Програмскиот совет на МРТ и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги; обврска за организирање на отворена дебата  меѓу сите кандидати за градоначалници на Скопје, без одлагања и саботажи; оставка на директорот Марјан Цветковски, „кој под раководство на ВМРО-ДПМНЕ го уништи кредибилитетот на јавниот сервис“.

„Граѓаните на Скопје заслужуваат медиуми кои служат на вистината, а не на партиски интереси. Работничката партија ќе продолжи да се бори за слободни медиуми и фер избори. Доста со тајните игри – време е за отворена битка на идеи!“, порачуваат од Слободни и неависни, поддржани од Работничката партија.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ