Владата го задолжува Министерството за образование и наука во рок од 10 дена да формира работна група со претставници на канцеларијата на претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемништво и Фондот за иновации и технолошки развој, која ќе има за цел да изработи нов или измена и дополнување на Законот за иновациска дејност, со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој.
Реорганизацијата, како што информираат од владината прес-служба, е во насока на реализација на ветеното во делот на реорганизација на институциите.