Поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките места и планините дождот ќе преминува во снег. Утре и в сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер, кој локално ќе достигнува брзина и над 70 километри на час.
В петок и в сабота времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а од недела се очекува стабилизација на времето и пораст на температурите.






