„СДСМ прашува дали изборот на Трајко Славески на чело на НБРМ беше поради Алта Банка. Одговор е не, не беше! За клеветите од страна на СДСМ кон банката со седиште во Битола, ги охрабрувам да ги преземат сите расположиви мерки за заштита на својот кредибилитет. Евентуалните приходи од добиените судски спорови најверојатно би ги донирале за поддршка на некој локален спортски клуб“, пишува во објавата на гувернерот Славески.
Во меѓувреме, СДСМ преку соопштение со ироничен тон ѝ се „извини“ на Алта банка и ја нарече претставник на ВМРО-ДПМНЕ и дел од нивниот партиски систем.
„Соопштение од банка што е политички мотивирано како вашето, или да бидеме конкретни – испраќање политичка порака, каква што е коментирање на нечии коалициски партнери, не е ниту соодветно, ниту досега видено во сферата на банкарството, па ниту во политиката, банка да комуницира како партија. Веројатно сè уште не сте запознаени со тоа, но не ви забележуваме, имајќи предвид дека до неодамна бевте менувачница. Во времето кога ДУИ беше коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Вие сè уште бевте во Земун, па можеби не сте запознаени со тие околности. Сепак, можете да проверите кај вашите партнери од ВМРО-ДПМНЕ. Исто така може да проверите како тоа Европската централна банка има преземено ригорозен чекор само Трајко Славевски и НБРМ без размислување го дозволиле преземањето во Македонија?“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Алта банка претходно денеска побара извинување од партијата, за како што наведе во соопштението, дезинформациите што ги шири СДСМ во јавноста за работата на банката.






