Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира дека викендов на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег.
Од денеска до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање, најави УХМР.






