Софија побара брза реакција на надлежните македонски институции. „Ги повикуваме надлежните органи во Република Северна Македонија веднаш да ги преземат сите потребни мерки за идентификување на сторителот и утврдување на неговата кривична одговорност. Бараме гаранција и на безбедноста на бугарските дипломатски и конзуларни претставништва, нивниот персонал и нивниот имот. Република Бугарија очекува институциите во Република Северна Македонија јасно и недвосмислено да се дистанцираат од манифестациите на омраза, ефикасно да се спротивстават на ваквите злосторства, целно да работат на создавање фундаментално поинаков јавен наратив за односите со Бугарија и безусловно да ги исполнат своите меѓународни обврски“, се вели во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Скршено стакло на бугарската амбасада во Скопје, реакција од Софија
Денеска непознато лице го скрши стаклото на бугарската амбасада во Скопјe. Министерството за надворешни работи на Бугарија веднаш реагираше и остро го осуди овој чин. Ова е неприфатлив напад врз статусот на дипломатската мисија и грубо кршење на Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во реакцијата.

Објавено на
часот





