понеделник, 8 декември 2025

Скопските пожарникари се обидуваат да го локализираат пожарот во Дрисла

Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита од Скопје се обидуваат да го локализираат пожарот во депонијата Дрисла. Направени се противпожарни појаси за да не се дозволи огнот да се прошири до блиската трева, грмушки и шума од горната страна на депонијата, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Објавено на

часот

Сподели

Според ДЗС нема опасност од излегување на огнот надвор од депонијата, а постојат сомневања дека и овој пожар е подметнат.

„Гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови“, изјави Стојанче Ангелов, директор на ДЗС.

Десет противпожарни возила го гасат пожарот во депонијата „Дрисла“. Како што информираше за медиумите Звонко Томевски, командант на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, била побарана помош и од ЈП „Комунална хигиена“ од каде што се пратени две цистерни за дотур на вода, тие се на локацијата и ги дополнуваат противпожарните возила. „Така што, се надевам дека за брзо време пожарот ќе биде целосно изгаснат“, изјави Томевски.

Бил побаран и авион на Дирекцијата за заштита и спасување за помош при гасењето, но, за жал, рече тој, немало услови да интервенира.

„Станува збор за посериозен пожар од поголеми размери, имаше опасност да се зафати околната борова шума која е во близина на депонијата и да се предизвика дополнително шумски пожар којшто можеше да загрози понатаму и објекти кои се во близина“, додаде Томевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ