вторник, 7 април 2026

Скопскиот апелациски суд го врати на повторно судење предметот против Лидија Димова

Апелациониот суд во Скопје ја укина првостепената пресуда со која поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, беше осудена на две години затвор. Наместо конечна разрешница, предметот сега се враќа назад во Основниот кривичен суд Скопје, каде постапката ќе треба повторно да се отвори и да се води одново.

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката на Апелација доаѓа по јавна седница одржана на 11 март, по што биле уважени и жалбите на одбраната и на обвинителството.

Според образложението, клучниот проблем во првостепената пресуда бил тоа што не било јасно за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена за виновна, а за кои е ослободена, што судот го оценил како суштествена повреда на кривичната постапка. Предметот, според објавените информации, бил вратен во првостепениот суд на 30 март.

Првостепената пресуда беше донесена во септември 2025 година, кога Димова беше неправосилно осудена за злоупотреба на службената положба и овластување. Тогаш судот ѝ изрече двегодишна затворска казна и ја задолжи да надомести штета од 22,7 милиони денари (367,314 евра) на Националната агенција, додека за делото измама беше ослободена. Во истата постапка, ослободителна пресуда доби и третообвинетата Ана Павлиду.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ