Од ЦУК велат дека пожарникарите имале помали интервенции за гаснење запалено ѓубриште и отпаден материјал во село Арачиново кај ул.Бојмија, во населбата Ергеле кај ул.Перо Наков и кај село Усје. Во сите случаи интервенирале со по едно противпожарно возило и со по тројца пожарникари.
Помали пожари имало во охридско, битолско, штипско, беровско и во велешко каде се гаснела ниска вегетација.
Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација и ѓубре.






