Граѓаните од скопската населба Влае повикуваат на реакција на ДУП-от преку анкетен лист кој треба да се пополни и достави до општината, најдоцна до 25 март. Во петок во 14 часот во просториите на УЗ Влае 2 веќе е органиирана јавна презентација на планот каде граѓаните ќе можат да видат какви последици би имал планот врз нивната околина и да реагираат против неговото донесување.
„Овој простор покрај Вардар е ретко место каде може да се одмориме од секојдневието и автомобилите. Бараме објектот за спорт да се избрише и да останат отворени терени, повторно за спорт, но од отворен тип, како и да се образложи потребата од објектот за здравствена и социјална заштита на местото на тревникот. Бидејќи сметаме дека на Влае не му фали повеќе бетон ни згради на местото на зеленилото, сакаме да го спречиме овој ДУП од донесување“, велат од иницијативата.
Општината не смее да донесува одлуки без да ги консултира жителите на Влае, особено онакви одлуки кои ќе имаат долгорочни последици врз квалитетот на живот и на идните генерации, велат жителите на Влае.






