Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска” (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично), велат од ЈСП Скопје.
Цената на сите останати билети останува иста.






