понеделник, 8 декември 2025

Во Крњево од еден приватен имот собрани 700 стари гуми

Објавено на

часот

Сподели

Се рабои за широка акција во која се вклучени инспекторатите на Скопје и на Центар, велат од Градот.

„Заедничката акција на градските и општинските инспектори за животна средина на терен се спроведува во општина Центар во населба Крњево, каде што со помош на механизација се чисти депонија составена од оштетени автомобилски гуми оставени на приватен незаграден имот, при што подигнати се околу 700 гуми, со што е спречено нивно потенцијално палење и загадување на воздухот и животната средина“, соопшти Град Скопје.

Во соопштението се наведува дека Инспекторатот на Град Скопје заедно со инспекторите за животна средина од скопските општини започнаа координирана акција за депонии и сметилишта на приватен имот.

„Акцијата опфаќа евидентирање, пронаоѓање на сопствениците на имотот, задолжување со записник и решение за чистење на имотот во даден временски рок. Доколку субјектите не постапат по решенијата, имотот ќе го исчистат јавните комунални претпријатија на трошок на сопственикот“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ