Трите пластични конејнери за одлагање на отпад со зафатнина од 3,2 м3 за одлагање отпад биле лоцирани на булеварот Крсте Мисирков, во близина на Бит Пазар.
„Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно девет пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови. Апелираме да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа“, велат од ЈП Комунална хигиена и информираат дека сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи.

„Очекуваме да бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите“, соопшти претпријатието.






