понеделник, 8 декември 2025

Вардар пред излевање кај мостот во градба во Аеродром, ЦУК се сомнева на несоодветни градежни зафати

Објавено на

часот

Сподели

Над мостот, над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до зградата на ПИОМ. После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.

Во соопштението на ЦУК се вели дека кај мостот во градба до хотелот „Русија”, нивото на реката Вардар е драстично покачено. Екипи на надлежните институции, Градот Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи веднаш излегоа на терен.

Повикани беа и надлежните од фирмата изведувач на проектот за преземање на соодветни мерки за надминување на проблемот и ако е потребно и за отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито. 

[video:https://youtu.be/hAMfYxU3e1s autoplay:0]

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ