Од Здружението ги повикуваат сите слободољубиви граѓанки и граѓани да се приклучат на протестот и да го изразат својот револт против војната и, како што велат, безграничната суровост од страна на Русија кон Украина. Собирoт ќе биде кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот.
Оттаму исто така додаваат дека хуманитарната помош за Украина ќе се собира и на Плоштадот Македонија секој ден во поставен шатор.






