вторник, 15 јули 2025

Украдени три тротинети на БинБин

Објавено на

часот

Сподели

                                                                                                                                            Фото: П.Џ.

И по првите изрази на задоволство кај скопјани за проектот што оваа фирма веќе го реализира во други големи градови, а во Скопје е недела дена, не поминаа ни два дена, а на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии на оштетени и фрлени тротинети, оставени на места каде може да се загрози сообраќајот. Објавени се и фотографии на лица кои крадат тротинет, мислејќи дека на тоа имаат право зашто „газдата го нема во близина“. Грда слика за главниот град на Македонија, грда слика за културата во градот.

А не знаат можеби дека станува збор за паметни тротинети опремени со уреди за лоцирање и дека нивното движење и стоење се следи од еден центар. Или крадците знаат, а мислат дека со уништување на софтверот ќе ја сокријат својата трага. Крадењето на тротинет е кривично дело, па се чини дека полицијата и судовите допрва ќе си имаат работа со криминал од овој вид.

т

                                                                                                                                     Фото: П.Џ.

Како и да е, порпаролот на Министерството за внатрешни работи Тони Ангеловски на прашање на МКД,мк изјави дека досега се пријавени три кражби на тротинети, сопственост на турската фирма.

Ако се знае кога почна да работи фирмата во Скопје, испаѓа дека на два дена имаме по една пријава за кражба. Фирмата својата работа тука ја започна со 500 тротинети, препознатливи по својата боја и ознаки, како и по бочните тесноправоаглести светла кои трепкаат и кога нема никој кај тротинетот.

к

                                                                                                                                   Фото: Социјални мрежи

Проблемот е што не е мал бројот на оние лица кои тротинетот го третираат како туѓа сопственост на начин што се изживуваат со и врз ова мало техничко чудо кое е способно вешто и тивко да се пробива низ градскиот метеж. Според тоа што го велат во фирмата, а и според сведоштва на социјалните мрежи, на тротинетите се возат и по двајца возрасни и прилично тешки лица иако тротинетите не поднесуваат повеќе од 110-120 килограми тежина. Некои од возачите претставуваат вистинска опасност во сообраќајот, затоа што возат за првпат, возат брзо и под дејство на алкохол, особено во доцните ноќни часови кога е тешко да се дојде до такси. 

у

                                                                                                                            Фото: Социјални мрежи

Градски паркинг проектот го реализира со турската компанија БинБин која покрај во Турција е присутна со тротинети и во Азербејџан, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија. Тротинетите може да се оставаат било каде, а екипи на БинБин ги собираат доколку во блиско време не е пријавено лице кое преку мобилна апликација веќе тргнало да го земе на користење тротинетот. За жал, тоа што компанијата вели дека тротинетот по користењето може да се остави било каде, за дел од корисниците значи буквално секаде. Така можат да се видат на најлошо избрани места, на раб од тротоар, на самата улица! Против секоја логика и против безбедноста.

мб

                                                                                                                                      Фото: БинБин

Дали и самиот проект има свои фалинки ќе треба да се открие, затоа што веќе има поплаки од лица дека и по користењето преку апликацијата продолжиле да се симнуваат пари од нивната сметка.

                                                                                                                                               П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ