„Сакаме да ја потсетиме јавноста дека нема никаков имот во стечајната маса на Треска, ниту ние сме купиле имот од оваа стечајна маса. Оттука, категорично ги отфрламе тезите дека стечајните работници имаат каква било поврзаност со имотот на фабриката и дека ние како нејзини сопственици имаме обврска да ги исплатиме нивните долгови.
За потсетување, за локацијата се водеше 20 годишен судски спор по кој најголемиот дел од имотот, 92% му припадна на едно лице по пат на денационализација, додека само 8% влегоа во стечајната маса, од која беа обесштетени дел од вработените. Исплата на средства и стаж добија само вработени во Треска мебел, додека оние кои работеле во останатите седум друштва на фирмата Треска не добиле никакви средства. Причината за ова лежи во тоа што друштвата биле формирани од Треска мебел, но без никаков имот.
Затоа, за сите одговори, нејасностии и исполнување на работничките права ги упатуваме стечајните работници да ги побараат од институциите и стечајниот управник кој ја извршил продажбата на оваа некогашна индустриска сила“, велат сопствениците на приватни парцели на имотот кај поранешната фабрика Треска.






