„Инаку опремата за третман на медицинскиот отпад, која ја промовираше Арсовска е набавена и ставена во функција од страна на градската власт предводена од нејзиниот претходник Петре Шилегов“, велат од СДСМ и додаваат дека Арсовска е најслабиот досега градоначалник на главниот град.
„За потсетување, Шилегов успеа да ја врати депонијата под управа на Градот Скопје и да ја претвори во санитарна депонија со современа технологија за управување со отпад, откако претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски ја даде под концесија на италијанска компанија, која не само што не инвестираше 70 милиони евра како што беше договорено, туку и несоодветно го третираше отпадот, доведувајќи го во опасност здравјето на граѓаните“, нагласуваат од СДСМ.






