понеделник, 8 декември 2025

Првоосомничениот за убиството на ракометарот Тот се предаде на полицијата, однесен во КПУ Затвор Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 28-годишниот А.Ѓ. ноќеска е приведен на територија на населба Аеродром.

„По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 1,20 часот се предало на полициски службеници од оперативен тим потраги на подрачје на населбата Аеродром“, информира МВР.

Покрај Ѓорѓиевски, приведени се и одреден им е 30-дневен притвор и на 19-годишната Климентина Левковска и 22-годишниот Андреј Костовски. Тие се осомничени дека го претепале хрватскиот ракометар Денис Тот пред дискотеката „Привилиџ“ во Скопје кој почина на скопските клиники.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ