Уште еден историски момент – денеска во Чаир беше промовирана улицата „Исмаил Ќемали”, рече и потоа и објави на својот фејсбук – профил градоначалникот Висар Гаину.
„Името на албанскиот преродбеник Исмаил Ќемали од денеска со гордост стои во Општина Чаир. Улицата ‘Благоја Паровиќ’ веќе е ‘Исмаил Ќемали’. Плочата со новото име на улицата ‘Исмаил Ќемали’ денеска ја откривме, пренесувајќи ја пораката дека поставувањето на името на Исмаил Ќемали претставува историски момент не само за Чаир. Ова симболично име е едно од 66-те најнови имиња во Општина Чаир“, вели градоначалникот.
Во план е да се постави и бронзена статуа на Исмаил Ќемали.
Новото име на улицата е базирано на одлука на Град Скопје од минатата година. Процесот на преименувања на улици започна во претходната декада токму со одлуки на Советот на Град Скопје и продолжува и сега.






