
ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно ја одржува хигиената и чистотата на Камениот мост како една од најфреквентните јавни површини во центарот на градот. Екипите на претпријатието вршат рачно и машинско метење и миење на целокупната површина на мостот, како и на плоштадите ‘Македонија’ и ‘Филип Втори’. Активностите се одвиваат секој ден, во три смени, вклучително и за време на викендите.







