понеделник, 8 декември 2025

Посетители сечеле катанци од живеалишта на животни во Зоолошката градина

Објавено на

часот

Сподели

„По рекордната посетеност во Зоолошката градина со над 14.000 посетители, на 09 мај во 00:30 часот имаше обид да се обие влезната врата од благајната. Сторителот е фатен од безбедносните камери на Зоолошката градина како во два наврати се обидува да го обие влезот на благајната, претпоставуваме со цел да направи финансиска штета. Но, сниманиот поединец останал само на обидот затоа што како што се гледа на снимката не можел да го обие влезот на билетарата и благајната по што настаната е незначителна материјална штета. Истиот настан веднаш по случувањето уште вечерта е пријавен во полициска станица Карпош”, рече Стаменов.

Според него, ова не е прв обид за нарушување на работата на Зоолошката градина, туку на истиот му претходел неовластен влез на група од 12-тина граѓани, како и обивање на неколку живеалишта на животни и нивно пуштање во кругот на Зоолошката градина.

Покрај тоа што сите овие настани се пријавени до надлежните органи за постапување односно до МВР, зголемена е будноста кај персоналот, дополнително и кај обезбедувањето, по што дополнително е зголемено обезбедувањето во ноќната смена.

„Цениме дека сите овие обиди наликуваат на намерна саботажа на работата и функционирањето на самата Зоолошка градина, треба да се прашаме на кого му пречи успешноста на Зоолошката градина. Остро ги осудуваме сите овие обиди да се наштети на нашата работа, но и на безбедноста на животните, се надеваме дека службите од Министерството за внатрешни работи ќе работат интензивно на откривање на сторителите, со цел да се спречи и понатамошни вакви обиди”, изјави Стаменов.

 

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ