Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 14 до 18 август, од понеделник до петок, во период од 22 до 3 часот наредниот ден, ќе се реализира четвртата фаза од терестрична дезинсекција на подрачјето на градот против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истите термини, велат од Градот и ги алармираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.






