Еден час паркирање во оваа зона чини 25 денари, додека станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната ќе ја користат услугата паркирање бесплатно за две возила.
Работното време на паркинг зоната е од понеделник до сабота од 7 до 23 часот, додека во недела и на државни празници нема да се врши наплата за паркирање.
Општина Карпош во 2020 година спроведе анкета меѓу жителите на Карпош 1 и Карпош 2, од кои огромно мнозинство се согласија на воведување зонско паркирање.
Жителите се жалеа дека имаат проблеми со возилата кои избегнуваат да платат паркинг во Дебар Маало и се паркираат бесплатно во овие две населби. Дополнителен проблем се и паркираните хаварисани возила и автомобили за продажба оставени од дилери на половни возила, кои ги окупираат постојните паркинг места за граѓаните.






