понеделник, 8 декември 2025

МВР и персоналот на американската амбасада со заедничка вежба за справување во вонредна ситуација

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР информираат дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.

Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затворање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

Вежбата ќе се изведува во објектот на Амбасадата на САД.

„Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации“, се вели во соопштението на МВР.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ