понеделник, 8 декември 2025

Музичко-креативен настан „Играм и пеам за мојата мајка“

Објавено на

часот

Сподели

Како што е најавено, главниот настан ќе се одржи денеска на пладне во Кинотека, каде децата низ танц и музика ќе упатат честитки кон сите жени, а особено кон своите мајки.

Манифестацијата ќе продолжи в понеделник, во 13:00 часот, во соработка со Основното училиште „Киро Глигоров“ од Скопје, каде ќе има креативно пишување на тема „Со љубов за сите жени“ и литературно-поетско читање на поезија наменета за жената.

Затворањето на манифестацијата ќе биде на осми март со традиционалната изложба на цртежи од деца од предучилишните установи во Град Скопје и околината кои учествуваа на конкурсот објавен на тема „Цртам за мојата мајка“. Децата од градинките изработија честитки и цртежи на темата „Жена – мајка“.

Изложбата со детските творби ќе биде поставена во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“, а ќе биде презентирана и онлајн на осми март во 10.30 часот на Фејсбук страната и Јутјуб каналот на Центарот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ