Проектот почна да се реализира од септември 2019 година и ќе трае до август годинава. Досега остварени се бројни активности чија цел е развој на медиумската писменост и дигиталните вештини и знаеања, како креирање на дигитален училишен весник од самите ученици членови на медиумската група од училиштето, веб страница на проектот, организација на работилници и дискусии за младите и медиумите и многу други активности за развој на дигитални медиуми и апликации.

Координатор е училиштето „Свети Петар“ од Ореховец, Хрватска, а партнери во овој проект покрај ОУ „Лазо Ангеловски“ се училиштата „Scoala Gimnaziala Nr. 5“ од Александрија, Романија и „Dositej Obradovic“ од Чичевац, Србија.






