Побаравме став од службата за односи со јавноста на општината од каде кусо ја потврдија информацијата, но повеќе детали најавија за следните денови кога ќе се одржи настан за медиумите каде ќе биде презентирани сите детали.
Деталниот урбанистички план за дел од Лисиче предизвика реакции и протести во јавноста. Сега Општина Аеродром излегува во пресрет на граѓаните и во новата верзија инкорпирира најголем дел од забелешките кои тие ги доставија во рамки на првата јавна анкета.