„Врз основа на пријава од граѓани или самоиницијативно, инспекторите за животна средина прво вршат инспекциски надзор, ја констатираат состојбата на терен со записник и издадаваат решение со кое ќе ги задолжат сопствениците на имотот во даден рок да постапат по даденото решение.
Доколку сопствениците на имотот не постапат по тоа решение инспекторите ќе изготват ново решение, со кое се задолжува ЈП ‘Комунална хигиена’ да ја исчисти наведената локација. Трошоците за чистење се фактурираат на сопственикот на приватниот имот кој креирал или дозволил да се направи дива депонија. Во оваа постапка, инспекторите постапуваат според Законот за управување со отпад и Законот за животна средина“, се вели во соопштението од Град Скопје.

Oд Градот велат дека минатата недела е исчистена децениски стара дива депонија на крстосницата меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Беласица“, кај трговскиот центар „Ист гејт”.






